КАКВИ ВРЕМИЊА: Кога Вардар и Пелистер играа пред 20.000 гледачи на „Градски“ (ФОТО+ВИДЕО)

0
169

Се сеќавате ли на времето кога Купот на Македонија беше вистински празник на фудбалот во нашата земја? Посебно така беше во финалниот натпревар во премиерното издание од кога Македонија стана суверена и независна држава.

Во финалето силите ги судрија големите ривали Вардар и Пелистер, а на крајот црвено-црните го победија битолскиот тим со 1:0. Единствениот стрелец на тој натпревар беше легендарниот Жанко Савов и тоа на две минути пред истекот на регуларните 90.

Тројфеот на тогашниот капитен на Вардар Љупчо Марковски – Калц му го враче претседателот Киро Глигорв. Вардар во таа сезоната 1992/1993 под водство на Ѓоко Хаџиевски стана шампион и во домашното првенство.

Сцените од натпревар се навистина фантастични, но и носталгични бидејќи денес изгледа невозможно на натпревар на две македонски екипи да се соберат 20.000 гледачи.

СОСТАВИ:

ВАРДАР: Филевски, Јовановски (Ангелов), Спасески, Садики, Костов, Марковски, Наумовски (Ефтимов), Тодоровски, Савов, Ќириќ, Милошевски.

ПЕЛИСТЕР: Милошевски, Грозданов, Василевски, Канатларовски, Димов, Цветановски, Пресилски (Марковски), Т. Мицевски, В. Мицевски, Каранфиловски (Стерјов), Ставревски.

Извор: Спортски.мк

Коментирај