Какви сте според вашата форма на усните?

0
536

Научниците и психолозите ги сметаат усните за една од најважните карактеристики на кои треба да обрнуваме внимание, кога сакаме да ја одредиме природата на некого. Погледнете што издаваат вашите усни за вашата личност.

Големи усни
Луѓето кои имаат таква форма на усните, едноставно се создадени да се грижат за некого. Тие имаат вроден и силен родителски инстинкт и желба да ги бранат другите. Кога ќе се сретнат со стресна ситуација, прво мислат за другите луѓе а потоа за себе. Тие сте создадени да бидат родители и прекрасно се справуваат со одгледувањето и воспитувањето на децата.

Горната усна е поголема од долната
Луѓето кои имаат такви усни, паѓаат на драмата. Тие се емотивни, харизматични, го сакаат животот и целото свое внимание го насочуваат кон себеси. Имаат високо мислење за себе и поседуваат природна вештина да ги привлекуваат другите. Едноставно им се допаѓа да бидат во центарот на вниманието и секогаш најзабавните шеги доаѓаат од нив.

Долната усна е поголема од горната
Овие луѓе едноставно не се родени да работат во канцеларија. Тие неможат да седат цел ден на биро кога има толку интересни работи кои може да ги направат наместо тоа. Луѓето со вакви усни навистина знаат што значи забава. Не можат да живеат без да се запознаат со нови луѓе, да истражуваат нови места и постојано да собират нови впечатоци. Тие сте љубопитни, социјални и отворени за сите интересни доживувања.

Обични усни
Луѓето со обичен изглед на усните се балансирани луѓе кои цврсто стапнале на земјата и одговараат рационално при решавањето на било каква задача. Нивната силна карактеристика е нивната вештина да ги сослушуваат другите. Благо ги прифаќаат критиките и го почитуваат мислењето на другите. Да ги налутите е многу тешко. Но иако изгледаат како доста сериозни луѓе сепак тие сакаат да се смеат и шегуваат.

Тенки усни
Луѓето со вакви усни се луѓе кои преферираат да бидат сами. Нив едноставно им се допаѓа овој начин на живот. Главно се потпираат на себеси и можат да се справат со речиси секој проблем. Овие луѓе немаат потреба од друштво за да одат на кино или дури и на одмор. Но иако најубаво се чувствуваат кога се сами исто така добро расположение им носат и средбите кога се дома со група луѓе. Лесно можат да најдат заеднички јазик и ги ценат другите поради нивните активности.

Мали усни
Луѓето со мали усни се палави. Нивниот главен приоритет во животот се нивните сопствени чувства и нивната желба да се чувствуваат удобно. Ако не се грижат сами за себе, кој друг би го сторил тоа?! Пред да ги запознаете, често изгледаат како себични, но всушност не се. Тие се доста чувствителни, предани пријатели и се подготвени секогаш да дојдат на помош. Никогаш не ги поставуваат своите интереси над оние на другите, но никогаш и не би направиле нешто што ќе им наштети на нив самите.

Коментирај