Со какви што се дружиш, таков стануваш! – Бесценети мудрости за животот

0
1241

1. Живеј како да ќе умреш утре; учи како да ќе живееш вечно.

2. Секој еден човек е уникатен, исто како и сите останати.

3. Образованието е способноста да правиш разлика помеѓу она што го знаеш, и она што не го знаеш.

4. Смртта не е најголемата загуба во животот. Најголемата загуба е она што умира во нас додека сме живи.

5. Не оди зад мене, бидејќи јас можеби не сум добар возач. Не оди пред мене, зашто јас можеби нема да тргнам по тебе. Оди до мене и биди ми само пријател!

6. Вистинска среќа е да имаш семејство, кое ќе те разбира така, како пријател, и пријатели кои те поддржуваат така, како твоето семејство.

7. Сакај се себеси, за да те сакаат и другите!

8. Минатото не се враќа никогаш.

9. Фати се за работа порано, за да ја завршиш побрзо.

10. Не ја сечи гранката, на која седиш.

11. Со какви што се дружиш, таков стануваш.

12. Барај ја мудроста, за да ја разбереш мудроста; музиката е ништо, ако публиката е глува.

13. Најпрекрасните соништа се случуваат кога си буден.

14. На светот нема ниту среќа ниту несреќа; има само споредба на една состојба со друга, ништо повеќе.

15. Ако сакаш да го запознаеш човекот, дај му власт во раката.

16. Кој ќе излаже еден пат, сто пати вистина да кажува нема никој да му верува.

17. Целиот свет прави пат на оној кој знае каде оди.

18. Добрите пријатели се како ѕвездите; не  ги гледаш секогаш, но знаеш дека секогаш се тука.

19. Она што сме го направиле само за себе, умира заедно со нас; Она што сме го направиле за другите и за светот, останува засекогаш.

Коментирај