Какви љубовни сигнали праќа според неговиот хороскопски знак

0
379

Во повеќето случаи, машките љубовни сигнали се во целосна спротивност со женските. Но има и такви претставници на посилниот пол, кои немаат потреба да зборуваат бидејќи сето тоа се чита во нивните очи. Погледнете што вели хороскопот во овој поглед:

Рак, Скорпија и Стрелец
Комплиментите им се на прво место. Се плашат да не одбијат девојката што навистина им се допаѓа со избрзани потези. Галењето го заменуваат со нежни зборови за да ги изразат нивните симпатии. Имајте на ум дека кога даваат комплименти, не зборуваат само за надворешниот изглед, туку и за внатрешната убавина.

Близнаци, Девица и Водолија
Почетокот на флертот секогаш им е исполнет со многу сексуални искуства. Сепак, наоѓаат заеднички теми за разговор и за надвор од креветот. Сексуалната возбуда е одлична, а разговорите се повеќе од возбудливи. Можете да разговарате за политика историја, бизнис… Можете да разговарате со часови и на овие претставници никогаш да не им се здосадите.

Бик, Јарец и Риби
Кога ќе одлучите да ги споделите вашите соништа, секогаш ќе добивате поддршка. Ако ги кажете пред нив вашите идни проекти и замисли тие секогаш ќе бидат подготвени да ви помогнат со она што можат и да ја поддржат вашата амбиција. Тоа, природно, вклучува и изработка на идни заеднички планови. Тивко и срамежливо ветување дека и во иднина ќе бидат со вас.

Лав, Вага и Овен
Без разлика што правите, тој секогаш ќе ве наоѓа за шармантна. Се забавува со вас и се радува на вашата насмевка. Секогаш ќе ви повторува, колку всушност си неверојатна. Овие претставници кога сакаат да покажат заинтересираност кон една жена тоа го прават со материјални подароци.

Коментирај