Какви докази има семејството на Боки Тредичи за „Рекет” против Заев

0
315

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, одржа прес-конференција за „Рекет”.

– Криминал од вакви размери не е можен без поддршка од Заев. Јанева не е во притвор и може да избега, да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото, вели Мицкоски и додава дека Катица е продолжена рака на главниот во октоподот.

Додава дека Меѓународниот сојуз е чедо на СДСМ и дека Заев прави се да се извади од криминалот.

– Јасно е зошто е предлогот на Заев за реформите за Обвинителството, зошто сака да го преслика криминалот за поголеми злоупотреби, вели Мицкоски и додава дека тоа нема да помине.

Мицкоски го прашува Заев какви докази крие семејството на еден од осомничените и кој се е вклучен, каде завршува куфер-политиката и кој се офајдил со сумите. Прашува ина што се мисли кога еден од осомничените вели дека Зоран Заев знае за се.

– Рибата мириса од главата, му порача Мицкоски на Заев на прес-конференцијата и додаде дека власта ја убила правната држава, зошто да сме имале правна држава Катица ќе била во затвор и ќе имало криминалец помалку на слобода.

Мицкоски порача дека Заев ја навредува интелигенцијата на народот зошто вистината излегува на виделина.

Извор:република.мк

Коментирај