Каква шминка им одговара на хороскопските знаци?

0
254

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои бои додека се шминкате ви стојат подобро од другите? Дали сте помислиле дека и тука свое влијание има астрологијата?

Еве неколку тајни на хороскопот што ќе ви укажат на тоа која шминка ви одговара според хороскопскиот знак.

Овен

На Овновите најмногу им одговара црвената боја, која означува страст, сила и храброст. А ќе се сложите дека тоа се карактеристиките што го красат вашиот знак. Носете ја оваа боја за да ја зголемите силата, енергијата и виталноста секој пат кога тргнувате во нешто ново.

Бои: Темноцрвена, црна, бела, златна, портокалова…

Како да се нашминкате: Нанесете сенка во силна црвена боја врз некоја неутрална за да го ублажите ефектот. Задолжително пред нанесувањето на сенката нанесете неколку капки за очи, за да го избегнете изгледот на вампир.

Избегнувајте: Светла розова боја.

Бик

На Биковите им одговара зелена боја, затоа што таа го подмладува духот. Таа носи стабилност и воспоставува рамнотежа помеѓу телото и духот. Со самото тоа, доколку Бикот се одлучи за оваа боја на неговото лице ќе привлече благосостојба и просперитет.

Бои: Зелена, сина, виолетова, жолта, кафена…

Како да се нашминкате: Нанесете маслинеста сенка врз капаците, но и на долните рабови на очите, а потоа размачкајте ги за да постигнете зачадени очи.

Избегнувајте: Црвена  боја!

Близнаци

За темпераментните Близнаци вистинската боја е жолтата, затоа што таа е полна со сјај и со светлина, а притоа делува стимулативно. Исто така таа го поткрева и расположението, а на комуникативните Близнаци им ја зголемува меморијата и комуникациските вештини.

Бои: Светла жолта, светла сина, зелена, бела…

Како да се нашминкате: Светло жолтата сенка може да биде вистински погодок ако ја нанесете врз капаците и во аглите на очите, а при краевите ги засилите со црно моливче.

Избегнувајте: Сите нијанси на црвена.

Рак

На романтичните Ракови најдобро им стои розевата боја. Оваа боја укажува на љубов, а најдобро е да ја носите во периодите кога ви надоаѓа некоја промена или доколку ви е потребна утеха поради љубовта. Доколку ја носите оваа боја на вашето лице ќе бидете поотворени и попристапни за соработка.

Бои: Розева, тиркизна, бела, сива, сина, сребрена, металик…

Како да се нашминкате: Комбинирајте розева и бела сенка така што ќе изгледате колку е можно поприродно. Со малку маскара спремни сте за поход.

Избегнувајте: Црвена боја…

Лав

Портокаловата боја ги засилува енергијата и влијанието на Лавиците. Доколку се одлучите за оваа боја ќе ве преплави чувството на среќа и оптимизам, но и ќе ви ја засили волјата да ја постигнете целта што сте ја замислиле.

Бои: Портокалова, златна, црвена, бакарна, кралска сина, бела…

Како да се нашминкате: Обидете се да нанесете портокалова сенка како ајлајнер. Тоа ќе го постигнете со рамно четче што ќе го натопите во малку вода а потоа во сенката и извлечете линија над горниот капак, баш како што тоа ќе го направите и со ајлајнер.

Избегнувајте: Пастелни нијанси.

Девица

Кралско Сината е идеална боја за сите припаднички на овој знак. Оваа боја е олицетворение на убавината, чистината и мудроста, ја намалува тензијата и го шири спокојот, што се карактеристики на овој хорскопски знак. Ако се одлучите за оваа боја ќе ја поттикнете смиреноста и ќе го отворите умот.

Бои: Кралска сина, зелена, лаванда, сива, кафена, жолта…

Како да се нашминкате: Како подлога на некоја посветла нијанса нанесете кралска сина или тегет, за очите повеќе да ви дојдат до израз. Можете да пробате и сина маскара или да направите зачадени очи со тегет сенка.

Избегнувајте: Се од семејството на црвена.

Вага

За Вагите идеална боја е светло сината, затоа што означува љубов, убавина и рамнотежа. Таа е олицетворение на мирот и на спокојот и ве инспирира да бидете силни и да тргнете во акција. Носете ја оваа боја за да постигнете рамнотежа и чувство на благосостојба.

Бои: Светло сина, розева, виолетова, зелена, шампањ…

Како да се нашминкате: Искомбинирајте светло сина сенка со бела или со сребрена и не заборавајте да ја нанесете на подрачјето под веѓите. Овој изглед на ледена кралица е идеален за забава.

Избегнувајте: Премногу светли бои на лицето…

Скорпија

Бојата на вишна совршено им одговара на Скорпиите. И се припишуваат длабочина, сила и љубов, а ви помага полесно да се движите низ преодните периоди во животот. Со носењето на оваа боја ќе ја зголемите перцепцијата и упорноста.

Бои: Вишна, црна, темноцрвена, виолетова, костен…

Како да се нашминкате: Користете мат сенки во боја на вишна за дефинирање на очите или седефаста за ефект на зачадени очи. И не заборавајте на црното моливче.

Избегнувајте: Силни бои…

Стрелец

Бојата на Стрелецот е сино-зелена, затоа што ги зголемува мудроста и оптим исмот. Носете ја додека патувате или истражувате нови места, затоа што таа е симбол на толеранцијата и разбирањето и е корисна во однос со дргите што имаа т поразлични ставови од вас…

Бои: Сина, зелена, виолетова, бела, црвена…

Како да се нашминкате: Потемната нијанса на сино-зелена за зачадени очи  ублажете ја со некои кафени нијанси за да избегнете премногу драматичен изглед.

Избегнувајте: Светло сина, темно сина и темно црвена…

Јарец

Кафената е боја на овој хороскопски знак. Ова е боја на одлучноста, а е симбол на логиката и разумот. Ќе ви помогне да се чувствувате стабилно и одговорно, а ќе бидете попрактични и ќе можете да ги изразите сите ваши сништа…

Бои: Кафена, темнозелена, слонова коска, маслинеста, црна…

Како да се нашминкате: Со оглед на тоа дека кафената е неутрална, можете да ја носите и преку ден и преку ноќ, со тоа што би било подобро навечер да ја зачините со некоја металик зелена нијанса.

Избегнувајте: Жолти нијанси…

Водолија

Со водолиите владее виолетовата боја затоа што тоа е боја што ги истакнува хуманоста и љубезноста. Доколку ја носите ќе го поттикнете чувството на заедништво и ќе ги подобрите вашите врски со пријателите.

Бои: Виолетова, тиркизна, силно сина…

Како да се нашминкате: Испробајте поинакви зачадени очи со виолетова боја. Ќе изгледате посебно секси.

Избегнувајте: Основни бои…

Риби

Бојата на морето е најдобар избор што може да ја изберат Рибите. Оваа боја на затворените Риби им помага да воспостават рамнотежа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет, но и да ги согледаат сите квалитети на некоја личност.

Бои: Бојата на морето, аквамарин, зелена, виолетова,  црна…

Како да се нашминкате: Комбинирајте ја прекрасната зелена боја на море со црн ајлајнер на капаците…

Избегнувајте: Силни нијанси…

Коментирај