„Каква Болоња, Ибрахимовиќ потпиша за Тиквеш“ (ФОТО)

0
382

Се почести се шпекулациите околу новиот клуб на еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Златан Ибрахиновиќ.Швеѓанецот пред неколку дена и официјално ја заврши авантурата во МЛС лигата, каде ги бранеше боите на Лос Анџелес Галакси. По заминувањето од САД, неколку гиганти се пуштија во „војна“ по потписот на Ибрахимовиќ, меѓу кои и Милан и Манчестер Јунајтед.

Но, овој пат пристигна комична објава од страна на Фејсбук – профилот Сеоски фудбал, каде се пошегуваа дека Ибракадабра веќе потпишал за македонскиот вротолигаш Тиквеш.Каква Болоња, Златан потпиша за Тиквеш, а листот на грбот објаснува од каде им се парите, се пошегуваа на Фејсбук.

Коментирај