Како жените го „газат“ машкото достоинство

0
870

Секоја жена сака до неа да има еден вистински маж кој прави сè со леснотија и храброст. Понекогаш жените без да сакаат можат да „згазнат“ на машкото его. Многу често, во обидот да го направат партнерот посигурен и подобар, се случува сосема спротивното. Разговорите со него како да е мало дете само го газат неговото достоинство. Погледнте неколку примери со што можете да го навредите вашиот партнер:

Вие му кажувате дека тој не е добар љубовник
Секогаш е подобро да се каже вистината во очи… Но некогаш „белите“ лаги не се на одмет бидејќи не би било во ред да го повредите партнерот. Ако ви е досадно објаснете му на партнерот дека тој ден не сте расположени за секс и потрудете се да смислите начин како да го поттикнете вашиот партнер на подобра акција.

Не го цените она што го прави
Цел ден вашиот маж работи, и вие сте сами со детето. Во вечерните часови ќе побарате од него да ви помогне со детето или со чистењето. Тој реагира и го прави тоа но вие сте лути во следниот момент само затоа што тој не го сторил тоа како вас. Ова е ваш пропуст и во врската е добро да не се случува.

Вие постојано укажувате на неговите недостатоци
Без да се запрашате и без да размислите кој е начинот да се подобри партнерот вие само постојано ги набљудувате неговите недостатоци. Кажувањето на вашите пријатели како е мрзлив вашиот сопруг, како тој не заработува добри пари и не ви помага во домашната работа, води кон лошо однесување од партнерот и раскинување на бракот. Да разговарате за вашиот сопруг позади грб, е како да се откажувате од него.

Го понижувате пред туѓинци
Повишување на тонот на јавни места и тоа за глупости го понижува вашиот партнер.  Од оваа ваша реакција не може да излезе ништо добро.

Се препознавте ли себеси? Ако е така, време е да размислите за вашето однесување или за вашата врска.

Коментирај