„Како Заев ќе инвестира во човечки капитал ако претходно скрати 327 милиони денари од високото образование?“

0
74

Владата предводена од Зоран Заев и МОН не се грижат за учениците затоа што веќе трет месец нема учебници, а искинатите учебници не успеаја да ги заменат со нови, реагираат од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема ништо од ветувањата на Владата на Зоран Заев за отчетност и транспарентност како уште една лага во серијата на ветени неисполнети работи за коишто зборот не е збор и не важи.

На дното е Министерството за образование и наука со „ограничено“ ниво како втора најлоша институција според нивото на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки според Годишниот извештај за 2018 година на Центарот за граѓански комуникации. МОН е рекордер меѓу министерствата кога се работи за склучување договори без објавување оглас.Транспарентноста и отченоста доаѓаат со обновата на Македонија, порачуваат тие.

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ анализира:

„Откако Владата на Зоран Заев со ребалансот на буџетот во образованието скрати 844 милиони денари, сега највува затворање на факултети. Очигледно ова е нивниот „прав пат“ и со новиот најнеразвоен буџет за 2020 преку кој наводно ќе се инвестира во човечки капитал.

Како Заев ќе инвестира во човечки капитал ако претходно скрати 327 милиони денари од високото образование? Дали е инвестиција во човечки капитал најавеното затворање на факултети? Зголемувањето на платите е предизборен поткуп, а не вложување во нардодот и инвестирање во човечки капитал. Владеењето на правото е доведено во прашање со криминалните тендери на оваа рекетерска банда за кои требаше исто така да мислите како со лиценците за факултетите. Зошто покрај пресовите за блескава економија и образование на Анѓушев сега слушаме напуштање на функцијата вицепремиер? Бродот на Заев тоне, а Анѓушев е само последен во низата на политички соработници кои се откажуваат и ќе се откажуваат од сегашната власт.

Владата предводена од Зоран Заев не спроведе никакви реформи за подобрување на квалитетот на образовниот систем. Власта не направи никакво усогласување на оброзованието и реалните потреби на економијата, односно потребите на пазарот на труд. Владата на СДСМ и Заев паѓа, а на образованието му следи обнова со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа тие.

Коментирај