Како се живее на +50 целзиусови степени

0
525

Територијата на Сахара е споредлива со големината на САД, но во пустината живеат само околу 2 милиони луѓе.

На овој огромен простор луѓе има само во населбите каде што се наоѓаат сигурни извори на вода. Во праисториско време Сахара била густо населена. Камени артефакти, фосили и сликарството на карпи, сведочат за присуството како на луѓе, така и на диви животни.

Денес, и покрај големата културна разноликост, народите на Сахара во својот поголем дел се занимаваат со одгледувањето животни, земјоделие и занаетчиство.

Населените места се концентрирани по течението на реката Нил и долината на нејзината делта.

Усвитениот песок и прашина, обично носат дневни температури од преку  40 ° C, а понекогаш и повеќе од 50 ° C, а влажноста на воздухот може да падне до 5% па дури и помалку.

Египќаните, главното население на Египет претставуваат 91% од вкупнотото население на Сахара.

Сахара се протега од Атлантикот на запад, Атласките планини и Медитеранот на север, Црвеното Море и Египет на исток и областа Судан и долината на реката Нигер на југ.

Флората на Сахара брои околу 1200 видови. Типот вегетација зависи од водените ресурси во поединечните делови. Во најсувите делови нема никаков живот, бидејќи условите таму се неподносливи за сите форми на живот.

Коментирај