Како се преведуваат зборовите на нарцисот?

0
605

Нарцисистите ги користат зборовите како алатки или оружје, а не како средство за комуникација. Ова е една од причините комуникацијата со нив да биде фрустрирачка и збунувачка.

Еве неколку фрази кои нарцисите често ги користат, заедно со „превод“, кој може да ве упати кон нивната вистинска смисла.

Ти си луд/а = Не те доживувам сериозно или не те почитувам. Ако можам да те натерам да се сомневаш во себе, ќе биде полесно да те контролирам.

Воопшто не си во право = Немам поим дали има или нема смисла во она што го рече, но не ме интересира. Ме мрзи да те слушам.

Престани да ме анализираш = Она што го зборуваш, ме тера да се чувствувам непријатно. Кажи ми нешто убаво за мене, или замолчи.

Никогаш не сум го кажал/а тоа = Може да сум го кажал, но не ми се допаѓа начинот на кој ме замисли. Ако негирам докрај, можеби ќе се збуниш и ќе престанеш да го тврдиш тоа.

Те гледам како еднаков/ва на мене = Се надевам дека веруваш во тоа, за да не разбереш колку малку всушност те почитувам. Така можам да те користам повеќе.

Зборувавме илјада пати за тоа = И овој пат нема да слушам.

Жал ми е што си вознемирен/а = Не се извинувам. Вината за тоа дека си вознемирен/а е твоја, не моја.

Сакаш премногу = Твоите потреби ме загрижуваат. Не очекувај да направам нешто околу тоа. Твоја работа е да се грижиш за моите потреби, а не обратно.

Мислиш само за себе = Не обидувај се да ме тргнеш од центарот на вниманието. Се доаѓа и излегува од мене. Ти не заслужуваш внимание.

Ти си премногу чувствителен = Твоите чувства ми се непријатни. Не знам како да ти изразам сочувство. Дури и можев, немам никаков интерес да сочувствувам со тебе.

Можеш да ми веруваш = Ќе бидеш комплетен будала, ако ми веруваш, но ако те натерам да веруваш на оваа лага, ќе можам да продолжам да те користам. Покрај тоа, дури и да не е вистина пријатно ми е да го кажувам ова за себе.

Преводот на зборовите е важен, бидејќи нарцистите живеат наопаку. Чувствувајќи се празни, тие тоа го компензираат со нивната втора личност со која се претставуваат пред светот. За да ги скријат недостатоците, тие треба да се најдобри. За да не се чувствуваат слаби, се однесуваат како семоќни. Зборовите им ја одразуваат оваа бескрајна игра на маски.

Коментирај