Како со неколку гестови да ја освоите една жена

0
1182

Еве како со неколку мали геста ќе ја освоите една жена:

Отворање на врата

Мажот излегува прв од колата, за да ја отвори вратата на својата сопатничка. Секоја дама знае да го оцени таквиот гест, кој изгледа прилично незначаен на прв поглед.

Последниот залак е за неа

Секој знае дека патот до срцето на мажот минува низ стомакот, без разлика колку банално и наивно да звучи. Ако мажот го остави својот последен залак за една жена, таа јасно сфаќа дека тој се грижи за неа и навистина ја сака.

Трошење на доволно време со семејството

Ако еден маж навистина се интересира од фотографиите на вашите деца, од забавните приказни за вашите браќа и сестри и се радува дека поминувате време со своите родители, тоа е „вистинскиот човек“.

Ја претставува својата дама при средба со познаници

Еден вистински господин знае дека ако не ја претстави својата дама при повремените средби со своите познаници, дамата ќе се почувствува непотребна. Внимателниот кавалер во никој случај нема да дозволи ваква ситуација.

Правење на подароци без причина

Модерниот „витез“ нема потреба од никакви специјални прилики, за да испрати на една жена цвеќе или некаков мал подарок, само за да предизвика искрена насмевка на лицето на својата сакана.

Да ја заштитува со своето тело

Друг навидум мал гест, на кој многумина дури и нема да обрнат внимание, е кога вие одите од надворешната страна на тротоарот, на тој начин штитите својата сопатничка од непредвидени ситуации.

Да ја бакнува на челото

Ако еден маж ги изразува своите чувства кон жената со нежен бакнеж на челото, бидете сигурни дека тој е многу приврзан кон неа. Дамата од своја страна се чувствува исклучително пријатно.

 

Коментирај