Како Lidl, BMW, Mercedes, Nivea или Adidas ги добиле своите имиња?

0
122

Веројатно секој од вас барем еднаш се запрашал во врска со некој познат бренд од било кој сегмент на потрошувачката во секојдневниот живот како го добил своето име со кое веќе одамна го има освоено светскиот пазар.

Пример, кога станува збор за имиња на автомобилски брендови, автомобилските индустриски производители и гиганти имињата обично ги добиваат според имињата на нивните основачи.

Така, Renault, Opel, Citroen, Ford, Honda, Peugeot, Rolls-Royce, Porsche, Suzuki, Yamaha и Toyota, автомобилски брендови кои доминираат на светскиот пазар за производство на автомобили, имињата ги имаат добиено според нивните иницијатори и основачи.

Но, постојат и неколку исклучоци.

Mercedes, на пример, името го има добиено според Мерцедес Јелинек, ќерка на австро-унгарскиот трговец кој од производителот Daimler порачал над 30 автомобили под услов да го носат името од неговата ќерка.

Од друга страна, BMW е кратенка од Bayerische Motoren Werke, што во превод значи „Баварска Фабрика за Мотори“.

Alfa е кратенка од Anonima Lombarda Fabbrica Automobili, додека Romeo е презимето на еден од сопствениците.

Зборот Volvo на латински значи „возам“.

Името на гигантот Audi потекнува од фабриката која се викала така, а се занимавала со производство на автомобили.

Volkswagen, пак, името го добил така што при основањето на компанијата, нејзината цел била да произведува автомобили кои ќе бидат достапни за широите народни маси. Volkswagen во превод значи „народен автомобил“.

Името на автомобилскиот бренд Hyndai потекнува од истоимениот збор што на корејски значи „модерен“.

Nike, еден од планетарно најпознатите спортски брендови, името го има добиено според името на грчката божица Nike (Нике), божица на победата.

Adidas е добиено со поврзување на почетните букви од името и презимето на основачот на компанијата, Адолф Даслер. Reebok, пак, името го има добиено од зборот rhebok, што на јужноафрикански знчаи „антилопа“.

Fuji брендот е наречен според највисоката планина во Јапонија.

Nokia името го доби по местото каде што е започнато производството, а козметичкиот бренд Nivea потекнува од латинскиот збор nivis што во превод значи „снежно бело“.

Е Lidl, еден од најпознатите маркети во европски рамки, името го добил од основачот на компанијата, Јозеф Шварц, кој компанијата ја именувал според презимето на својот бивш партнер, Лидл, за кое ги откупил и правата. Ако некој се прашува зошто компанијата не го носи презимето на основачот, тоа е веројатно затоа што schwarz значи „црно“.

Извор: taratur.mk

Коментирај