Како и зошто изневеруваат хороскопските знаци?

0
712

1. Рак– Претставниците на овој знак не се познати по изневерувањето. Тие сакаат да изградат длабока и стабилна врска со својот партнер. Би изневериле само, ако се почувствуваат недоволно оценети и неразбрани. Би изневериле за да најдат емотивна блискост.

2. Риби– Тие сакаат со целата своја суштина. Способни се на чуда во креветот, само за да го задоволат својот партнер. Би изневериле, ако објектот околу кого се трудат не го цени тоа и не им враќа со истиот ентузијазам.

3.Шкорпија– Тие бараат сигурна и отворена врска. Ако бидат разочарани од својот партнер, би го изневериле со близок пријател или поранешен/на дечко девојка.

4.Овен– Тие се цареви на флертот. Страста им е во крвта. Отворени се во односот кон партнерот, а ако изневерат, тоа може да биде неочекувано како гром од ведро небо.

5. Лав– Лавовите се полни со енергија и се независни по природа. Знаат каде е границата меѓу љубовта и моменталната желба, затоа знаат да изневерат без да имаат проблем со совеста подоцна.

6. Стрелец– Тие се љубовни авантуристи. Сакаат да сменуваат партнери. Во моментот во кој решат да си „легнат на брашното“, стануваат сериозни и изневерата не доаѓа во предвид.

7. Бик– Тие се страшни љубовници. Го почитуваат личниот простор на својот партнер, но ако почувствуваат дека ја губат емотивната сигурност, подготвени се без скрупули да ја побараат кај својот најдобар пријател од спротивниот пол.

8. Девица– Тие ги сакаат делата, а не зборовите. Знаат да бидат посесивни. Познати се по своето чувство за моногамија. Изневеруваат само во вонредни ситуации.

9. Јарец– Тие попрво би останале сами, отколку да бидат во нестабилна врска. Изневеруваат само, ако бидат изневерени, како „одмазда“ и за да им олесни.

10. Близнаци– Близнаците се посветуваат на својот партнер. Бараат од него да зборува со нив за секој проблем и да биде искрен. Ако осетат лага, би изневериле без никаков проблем.

11. Вага– Вагите се подготвени на секакви компромиси заради својата врска. Ако насетат дека нивниот партнер не „гори“ како што горат тие, тогаш би го изневериле. Факт е дека вагите се кралеви и кралици на шармот, така да не би им било тешко да го „казнат“ својот партнер.

12. Водолија– Водолиите се прагматици. Ја почитуваат слободата на својот партнер, но ако насетат дека се изневерени, веднаш враќаат со иста мера.

Коментирај