Како да се справите со непријатната миризба на нозете?

0
523

Која е причината за непријатниот мирис?
Многумина погрешно мислат дека потта е причината за непријатниот мирис на стапалата. Всушност причината е во бактерија која се развива во влажната средина, создадена од потта. Всушност, кога бактериите се „хранат“, тие испуштаат гас со непријатен мирис. Постојат многу производи во аптеките но и многу производи ги имате и дома кои можат да помогнат при решавањето на ваков проблем. Прочитајте што сè може да помогне:

Жалфија и рузмарин
И рузмаринот, и жалфијата имаат антибактериски и антифунгални својства. Освен тоа и двете билки имаат адстрингентно дејство што помага за намалување на потењето. Помалку пот значи помалку храна за бактериите.

Во леѓен сипете зовриена вода и ставете 1 лажиче сушен рузмарин и 2 лажички жалфија. Оставете додека водата се излади доволно за да можете да ги ставите нозете внатре. Држете ги нозете во водата околу 30 минути и исушете добро. Правете ја оваа постапка секој ден во текот на десетина дена.

Сода бикарбона и лимон
Сода бикарбоната има широка примена во бабаините рецепти и домашните тајни за убавина. А нејзиното дејство  при стапалата со непријатна миризба едноставно е чудесно.

Освен што ги прави стапалата помеки, сода бикарбоната ги убива и бактериите. Во леѓен со 8 чаши топла вода ставете 1/4 чаша сода бикарбона и сок од еден лимон. Потопете ги нозете за околу 20 минути и исушете добро.

Оцет
Оцетот создава кисела средина, која не одговара на бактериите. На 8 чаши топла вода ставете 1/2 чаша јаболков оцет. Потопете ги стапалата околу 30 минути, а потоа оставете ги да се исушат. Правете ја оваа постапка 1-2 пати дневно.

Црн чај
Поради танинот кој го содржи, црниот чај е совршен за создавање на кисела средина во која бактериите не можат да преживеат. Во 4 чаши топла вода ставете 5 пакетчиња црн чај. Оставете ги кесичките 10 минути, а потоа натопете ги стапалата 20-30 минути.

Коментирај