Како да разликувате настинка од алергија?

0
190

Кога децата киваат, кашлаат, или им тече носот, родителите знаат дека во прашање е настинка или алергија. Но како да откриете дали болките во грлото, течењето на носот, пецкањето на очите, се резултат на обична настинка или на нешто алергено во воздухот?

Овие неколку докторски совети можат да ви помогнат во тоа.

Настинката започнува споро, можете да ја добиете преку целата година но најчесто во дождовните и зимските месеци.
Обично трае до десет дена и често доаѓа заедно со зголемена телесна температура. Слузницата која тече од носот на почетокот е воденеста, а покасно се згуснува и добива жолта или зелена боја.

Алергиите започнуваат нагло, и обично се случуваат во одредено доба на годината, на пример кога цветаат одредени билки. Можат да траат со недели, дури и месеци. Солзењето на очите е повеќе изразено отколку во случајот на настинката, носната слузница е тенка и бистра.

Коментирај