Како да престанете да пушите?

0
364

Иако повеќето пушачи велат дека нема ништо подобро од палење цигара по напорен ден, многу од нив сакаат да ги откажат.

Нема да зборуваме за штетата што цигарите ја нанесуваат ниту пак да ги набројуваме можните болести поврзани со пушењето, туку само ќе ви помогнеме доколку имате донесено одлука да се откажете од цигарите.

Како да се откажете?

Првата работа која ви паѓа на ум кај ваквите одлуки е прашањето: „Зошто би требало да престанам да пушам“?
Ако сами не го знаете одговорот на тоа прашање, тешко е да се поверува дека навистина би престанале.

Како причина број еден земете го сопственото здравје- ризик од заболување на различни болести, рак на белите дробови и сл. Истражувањата покажуваат дека поранешните пушачи имаат многу подобро здравје од оние кои никогаш не престанале да пушат.

Друга причина за да престанете да пушите е подобрување на вашите сетила.

Тука е секако и финансиската страна – размислете колку пари годишно трошите на оваа „навика“.

Може да се откажете од цигарите само кога сами ќе одлучите тоа да го направите

За почеток одредите си дата од кога ќе почнете со одвикнувањето. Исто така треба да одлучите дали сакате тоа да го направите постепено или со намалување на „дневната доза“. Поранешните пушачи обично велат дека најдобро е да престанете да пушите одеднаш.

Потпишете договор

Секако тоа ќе биде импровизација на договор, но на некој начин ќе ве обврзува да се почитувате себе. Може да направите договор со пријателот и него да му ветите.

Откажете ги цигарите

Чувањето на кутија цигари само ќе ви го отежнува одвикнувањето. Затоа најдобро е да ја замените кутијата со нешто друго. Се разбира не зборуваме за храна и дебелеење што често е причина што пушачите ја посочуваат.

Користете мастики или суво овошје

Ако не ви се допаѓа таа идеја, најдете занимација што ќе ви го пополни времето, така што нема да ви падне на памет да запалите цигара. Смислете ритуал за замена на цигарите.

Ако немате цврст карактер држете се понастрана од пушачите. Држете се до одлуката и бидете упорни.

Коментирај