Како да и објаснам на ќерка ми дека татко и умира: Животна драма на поранешниот репрезентативец

0
1133

Поранешниот репрезентативец на Холандија и легенда на Ренџерси, Фернандо Риксен, се бори со тешка невролошка болест, позната како АЛС.

Риксен кариерата ја започна во Фортуна, во 1997 година помина во АЗ Алкмар, за да три години подоцна го облече дресот на Ренџерс, во кој се прослави. Шест години со голем успех настапуваше за славниот клуб од Шкотска. Во 2006 година помина во Зенит, а после повторно се врати во Фортуна. Ја заврши кариерата во 2013 година кога му е дијагностицирана неизлечливата болест.

kerka2-960x1245

Кога откриле дека боледува од АЛС, лекарите му соопштиле на Риксен дека му остануваат само 18 месеци живот. Меѓутоа тој не се предал. Шест години води жестока борба со тешката болест, се обидува да живее нормално, колку што е можно, но неговата состојба се влошува од ден во ден. Неговите мозочни неврони умираат секојдневно и веќе подолго време е прикован за количка. 10 часа дневно носи маска за кислород, бидејќи не може да дише.

Неговата најголема инспирација е ќерката Изабела(6). Неговата куќа се наоѓа во близина на Валенсија, каде тој очајнички сакал да престојува, но поради неговата состојба тоа е неизводливо. Во болница е и таму ќе остане до крај на животот.

kerka3-960x551

На него и жена му најтешко им паѓа шт не можат на ќерката да и објаснат што се случува со татко и.

Таа се уште прашува кога тато ќе се врати дома и тоа ми е најболно. Не смеам да и кажам, што се случува, бидејќи не знам како тоа ќе го поднесе. Таа разбира дека тато не може да зборува, да оди, но не сфаќа дека наскоро тој ќе умре – очајна е сопругата на Риксен, Вероника.

И тој е очаен поради се што му се случува.

Лут сум поради болеста. Лут сум што зависам од други. Неможам ништо сам. Фрустриран сум – вели прославениот фудбалер.

Извор:република.мк

Коментирај