Како да ја заштитите косата на плажа

0
475

Одењето на плажа можеби е релаксирачко за вас, но сонцето и солената вода се „стресни“ за вашата коса. Затоа е важно да се погрижите за косата, за да  таа биде здрава и убава и по летниот одмор. Прочитајте како да се грижите за вашата коса на плажа:

1. Грижете се за врвовите
Пред да одите на одмор и откако ќе се вратите, посетете го вашиот фризер. Исчистете ги оштетените врвови за косата да ви биде убава и здрава.

2. Заборавете на стилизираните производи за време на одморот
Солената вода и стилизираните производи не се добра комбинација. Ако мислите да ја мокрите косата, нема смисла да и ставате гел, пена или лак за коса. Кога овие производи за коса ќе се навлажнат во морето, таа станува леплива и полесно се крши. Затоа отидете на плажа со природна фризура без никакви додатоци за убавина.

3. Заштитете ја косата од сонцето
Секогаш си ставате лосион за сончање на плажа. А го правите ли истото и за вашата коса? Користете спреј за сончање за коса – тоа важи уште повеќе за дамите со обоена коса. Ова не само што ќе ви ја спаси бојата, но и ќе ја заштити косата од појавата на цветање.

4. Носете шапка
Кога сонцето пече силно, шапката ќе и ја обезбеди на вашата коса (а и на главата) потребната заштита. Избегнувајте шапки од вештачки материјали. Сламена шапка е одличен избор за вашата коса и глава.

5. Одете на плажа со мокра коса
Звучи чудно, но има логика. Ако ја навлажните косата со обична вода пред одењето на плажа, тогаш кога ќе влезете во морето, косата ќе апсорбира помалку од штетната за неа солена вода.

6. Секогаш користете балсам / маска
По плажата, што и да правите, вашата коса ќе биде сува по миењето со шампон. Затоа не треба да ја чешлате, без да сте нанеле балсам / маска или спреј за полесно расчешлување.

7. Јадете корисни масти
Потхранувајте ја  косата од внатре. За да биде мека и здрава, важно е да јадете многу корисни масти – лосос, авокдо, ореви и др.

8. Капка кокосово масло за здравје и раскош
Пред да тргнете на плажа, ставете неколку капки кокосово масло во раката и нанесете на краевите на косата, за да ја заштитите од појавата на цветање.

9. Заборавете на сушење со фен
Сонцето и солената вода доволно ја сушат косата. Користењето на фен само би ја оштетило уште повеќе.

10. Расчешлувајте внимателно
Косата после плажата е многу сува. Затоа треба да сте многу внимателни кога ја чешлате. Користете чешел со големи запци или четка со природни влакна.

Коментирај