Како да имате совршена холивудска насмевка?

0
182

Секој од нас посакува да има блескаво бели и здрави заби и насмевка од „милион долари“…

Стоматолошките процеси за белеење на заби често знаат да бидат скапи и долги. Но, секогаш постојат неколку трикови со прирородни препарати кои ќе ви помогнат да имате бели заби, а некои од нив се многу популарни и во холивудските кругови, каде блескавата насмевка е важна.

Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да имате што побели заби:

Измешајте една лажица куркума во прав, лажица кокосово масло и две-три капки масло од нане. Користете ја оваа сместа наместо класичната паста за заби. Оваа смеса ќе ја чува вашата глеѓ, ќе ги направи вашите заби блескаво бели, а вашиот здив – свеж со часови.
За ефективно белеење на заби, два пати неделно плакнете ја усната шуплина со течност која ќе ја направите од 5 капки масло од чајно дрво и половина чаша вода
Земете една свежа јагода и испасирајте ја. Додадете половина лажичка сол на јагодата и со оваа смеса можете да ги четкате забите на секои две недели. Резултатот е бисерно бели заби.
Навечер, пред да ги исчеткате забите, премачкајте го со масло од нане и оставете го да делува петнаесетина минути. Оваа постапка може да ја правите неколку пати во текот на неделата.
Лушпата од бананата исто така помага за белеење на забите. Со вантрешниот дел од лушпата можете да ги триете забите секоја вечер.
За блескаво бели заби помага и алое вера. Ако не можете да пронајдете свежо алое вера, купете 100 % сок од алое вера и со него тријте ги забите после секое миење. За само две недели, тие ќе бидат блескаво бели.

Извор:hybread.mk

Коментирај