Како да им соопштите на вашите деца дека се разведувате

0
172

Разводот се смета за едно од најтрауматичните случувања во животот на двајца возрасни луѓе. Каков и да бил бракот од кој излегуваат, крајот сепак остава траги и потребно е доста време додека двајцата се опорават од стресот. Иако, во прв момент им се чини дека се најнесреќни луѓе на светот, сепак постои некој кого оваа ситуација го погодува најмногу во моментот, а тоа е нивното дете.

За разводите, не е потребно да зборуваме многу, бидејќи се работи за сензитивни, домашни ситуации кои се разликуваат од случај во случај. До развод најчесто доаѓа кога исчезнува љубовта и емпатијата меѓу сопружниците, што само по себе води до губење на интересот од двете страни за подобрување на ситуацијата во која се наоѓаат.

Разводот се смета за еден од најтрауматичните случувања во животот на двајца возрасни луѓе. Каков и да бил бракот од кој излегуваат, крајот сепак остава траги и потребно е доста време додека двајцата се опорават од стресот. Иако, во прв момент им се чини дека се најнесреќни луѓе на светот, сепак постои некого кого оваа ситуација го погодува најмногу во моментот, а тоа е нивното дете.

Многу психолози сметаат дека децата никако не треба да бидат причина поради која возрасните треба да останат во лош брак. Напротив, лошиот брак на децата влијае уште полошо од разводот, бидејќи децата ја забележуваат далечината меѓу нивните родители.

Како да им соопштите на децата за вашата одлука.

Во овие ситуации, многу е значајно на кој начин ќе им објасните на децата што се случува.

Доколку е возможно, треба да се договорите на кој начин и што ќе им кажете. Тоа мора да е на начин кој е за нив разумен и прифатлив. Разговорот мора да го направите и двајцата, без разлика дали заедно или посебно. Доколку одлучите секој сам да разговара, приказната мора да биде иста, за да не го збуните детето.
Потребно е да им кажете што повеќе вистина (зошто, како и кога) како подобро би разбрале што се случува. Мора да се подготвите да одговорите на сите нивни прашања искрено.

Не бидете себични

Дури и во случај кога партнерот ве изневерил или направил нешто погрешно кон вас, бесот мора да го задржите за себе. Заради доброто на вашето дете, никогаш не смеете да му ја полните главата со лоши зборови за другиот родител. Тоа е вашиот бивш сопружник, но засекогаш ќе остане родител на вашето дете.

Детално треба да му објасните на за промените кои го очекуваат, каде и со кого ќе живее, во кое училиште ќе учи и слично. Мора да го облевате со доволно внимание и љубов и да имате разбирање за депресијата која може да следува.

Во ниеден момент не смеете да го запоставите своето дете, колку и да ви е тешко во моментот. Правилното воспитување мора да ви биде на ум цело време. На крајот, сите маки и тешкотии ќе исчезнат во моментот кога ќе ја видите насмевката на тоа мало лице.

Но, никако не смеете да претерате во вниманието и да го размазите детето. Не го штедeте од училишните обврски или пак да му дозволувате да прави што сака затоа што вие се чувствувате лошо поради етикетата која ќе се наметне- “дете на разведени родители“. На детето мора да му бидете пријател, а пред се родител кој ќе му го покаже вистинскиот пат.

На крајот, се ќе биде добро.

Коментирај