Како да го сочуваме видот ако цел ден сме пред компјутер?

0
236

Секoјдневната работа пред компјутер не е напорна физичка активност, но личностите кои секојдневно се соочуваат со работа пред компјутер се соочуваат и со голем ризик за намалување на видот.

За да го зачувате добриот вид и покрај секојдневната работа пред компјутер, обидете се со овие корисни 6 совети.

1. Најнапред обидете се правилно да седите на работниот стол.

Поставете го столот на место од каде што може да ја видите најдалечната точка во просторијата. Компјутерот не го поставувајте покрај прозорот, бидејќи надворешната силна светлина предизвикува стрес за очите.

2. Менувајте го фокусот.

Постои една вежба „10-3-10“ која би требало постојано да ја правите. По изминување на секоја 10-та минута погледнeте во далечен предмет кој се наоѓа на најмалку 3 метри од вас. Задржете го погледот на тој предмет 10 секунди, дишејќи правилно и трепкајќи.
3. Немојте да работите со компјутер во темница.

Просторијата секогаш мора да биде добро осветлена. Ако работите со компјутер во темница тоа штети на вашиот периферен вид.

4. Не смее да има отсјај од компјутерот.

Обидете се да ја елиминирате рефлексијата од светлината. Отсајајот е силен извор на светлина која се рефлектира од мониторот, а поради тоа телото несвесно се поместува за очите да ја избегнат светлината- со тоа настанува искривување на половината и болки од неправилно држење на телото.

5. Правилно трепкајте.

Здраво око, со нормален очен притисок, трепка 10-12 пати во минута, секои 5 секунди. Кога не трепкате доволно окото се напрега. Очите се сушат и брзо се заморуваат. Обидете се тоа да го избегнете.

6. Лесна вежба за трепкање.

Лесно и брзо трепкајте 20 пати, без стискање на очните капаци. Лицето мора да е опуштено. По трепкањето затворете ги очите и одморете се неколку минути.

Коментирај