Како да го „фатите“ во неверство: Овие работи речиси секогаш ги издаваат!

0
530

Емотивните и сексуалните неверства отсекогаш постоеле, само денес, благодарение на социјалните мрежи, станаа подостапни.

Иако повеќето луѓе сметаат дека најчестиот вовед во неверството претставува флертот на некоја интернет платформа, истражувањето на “дејт апликациите“ докажува нешто друго.

Имено, оваа студија докажала дека мажите и жените изневеруваат на различни начини, а кај понежниот пол телефонскиот повик од мистериозна личност обично укажува на неверство.

За разлика од жените, мажите сакаат да се допишуваат, така што најпрвин ги издаваат пораките со сексуална содржина или провокативните фотографии кои ги разменувале со друга жена.

Друг знак дека мажот можеби изневерува може да биде непознат парфем кој се задржал на неговата облека, додека на трето место има меил порака.

Во продолжение прочитајте ги 10-те начини на кои најчесто жените ги “фаќаат“ партнерите во неверство: 1. Испраќање секси текстуални пораки или фотографии на својата љубовница. 2. Женски парфем на облеката. 3. Меил порака. 4. Алиби да излезе било кога од дома. 5. Сомнително потрошени пари. 6. Кога неговата љубовница ѝ открива на сопругата дека тој ја изневерува. 7. Кога прељубникот случајно е фатен во неверство – на кафе, ресторан, на улица. 8. Телефонски повик упатен кон љубовницата. 9. Кога пријател ги издава. 10. Кога сами признаваат.

Извор: Kurir.mk / tocka.com.mk

Коментирај