Како да ги оставите цигарите преку ноќ?

0
1311

Дали е возможно да се ослободите од оваа лоша навика преку ноќ? Велат дека е возможно.

За сите пушачи кои не успеваат да ги остават цигарите, ова е вест од соништата!

Имено, новото научно истражување во кое учествувале 66 пушачи, покажало дека е возможно да се остават цигарите во текот на спиењето.

Додека учесниците од студијата спиеле, дел од нив биле изложени на чад од цигари, помешан со не толку пријатни ароми на расипана риба и јајца.

Оние кои биле изложени на оваа смрдлива терапија во текот на втората фаза од сонот – фаза која е важна за учење и памтење – следниот ден пушеле за 48% помалку цигари.

Покрај тоа, во просек, во текот на следната седмица пушеле 34% помалку цигари од вообичаено. Меѓутоа, непријатните ароми немале ефект на учесниците кои во будна состојба биле изложени на овие „мириси“.

–Непријатните мириси имаат поголем ефект кога лицето не е свесно – објаснува авторот на студијата д-р Анат Арзи од Инситутот Вајцман во Израел. „Овој метод треба дополнително да се испита, за да се утврди дали помага долготрајно да се ослободиме од некои лоши навики како што се алкохолизмот, прејадувањето, пушењето…“

Коментирај