Како да дознаете дали излегувате со погрешен човек?

0
1245

За да се одржи една врска треба да вложат и двајцата партнери во неа. Како сепак да разберете дека се наоѓате во вистинската врска, за која вреди да вложувате напори и енергија?

1. Среќни ли сте кога сте со тој човек?
Ова е едно од најважните прашања што треба да си ги поставите. Ако промената што ја гледате во себеси, не е во позитивна насока вашиот партнер најверојатно не е погоден за вас.

2. Дали сте со партнерот, поради неговиот потенцијал или поради тоа што всушност тој е?
Не можете да барате од својот партнер да ја промени својата природа, но можете да го замолите да го промени своето однесување. Многу е важно да можете да ја разграничите фантазијата за она каков сакате да ви биде вашиот партнер и она што всушност е.

3. Погледнувате ли по други мажи?
Ова дефинитивно е лош знак.

4. Се потсмевате на партнерот
Работи како сарказам, потсмев и навреди се патот кон презирот во една врска. А експертите докажале дека презирот е токсичното однесување во односите, бидејќи тоа предизвикува одвратност. А ако дојдете до таму, тогаш дефинитивно не треба да бидете со тој човек.

Коментирај