Како Боки 13 ги лиферува информациите надвор од „Шутка“

0
344

Ги користи ли Боки 13 српските медиуми како алатка за упатување на закани кон македонски, но и странски политичари? Кој е линкот од кој пристигнуваат наводни информации кои се лиферуваат во српските портали и весници, кога 13 ка е изолиран и е во притвор во Шутка?

Изминатиов период откако е екс ријалити sвездата е осомничена за случајот Рекет, речиси секојдневно се појавува на насловните страници на српските весници. Во викенд изданието на српски телеграф главна вест е, како што тврди весникот, дека во телефонот на 13ка се пронајдени пишани пораки и експлицитни фотографии од српски политичар, кој доаѓал во Скопје за интимни дружби со Јовановски, а пак на насловната страница е испишан наслов со големи букви : Боки 13ка оргијал со политичар од Србија.

Весникот објавува дека во една од пораките Боки и српскиот политичар договараат средба за која како што пишува весникот, според пораките во телефонот, пишува дека српскиот политичар истакнал дека одвај чека да го види 13ка.

Дека допрва ќе има изненадувања за случајот Рекет и инволвираните во него, изјави и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој вели дека тоа го знаел од добро информирани италијански извори.

„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица и зошто тоа му го зборував и зошто сум среќен што тие лица се далеку од мене и Србија” , истакна Вучиќ.

Минатата недела Боки се појави и на насловните страници на Информер, Курир, на порталите ало.рс , република.рс….

Во српските медиуми беа обајвени инфомации во кои се тврди дека наводно Боки се заканил дека ако му фали влакно од косата ќе падне Владата на Заев, како и дека доколку не го пуштат од притвор, Јовановски ќе објавел информации како краделе Заев и Харадинај, но и дека поранешниот екс менаџер, а сега советник на Заев, Зоран Башановиќ е замешан во случајот Рекет.

Останува отворено прашањето, зошто со толкав интензитет српските медиуми пишуваат за Боки 13ка и кој е линкот кој ги пренесува наводните инфомации од Шутка?

Извор:република.мк

Коментирај