Кака објави крај на својата играчка кариера

0
121

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Бразилецот Кака објави дека ја завршува својата играчка кариера.

Освојувачот на „Златна топка 2007“, последен пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, најдобрите натпревари ги имаше во Милан, освојуваше трофеи и со Реал Мадрид, а во последните години играше за Орландо во МЛС Лигата.

Со репрезентацијата на Бразил беше светски шампион во 2002 година.

– Мојата кариера завршува тука. Ми требаше малку време, но одлуката ја донесов по разговор со најблиските членови на моето семејство. Подготвен сум да продолжам со фудбалскиот живот во друга улога, порача Кака, кој според италијанските медиуми е блиску до преземање на функцијата спортски директор на Милан.

Коментирај