Кајли Џенер ги „истиши“ усните – силиконите одат во историјата

0
98

Припадничката на сестринскиот клан Кардашијан/Џенер, популарната Кајли Џенер ги изненади своите обожаватели откривајќи дека целосно ги отстранила силиконите од усните.

Кајли, која својот изглед, со кој стекна планетарна слава, буквално го смени благодарение на естетските операции, а една од највпечатливите корекции кои ги направи беа усните кои ги зголеми на 16 години, што може да се каже дека станаа нејзин заштитен знак.

Оваа промена предизвика воодушевување, па следбениците и пишуваа дека сега изгледа многу поубаво и поприродно, и оти оваа одлука е вистински избор.

 

Коментирај