Кафе на празен стомак – добра или лоша идеја?

0
883

Мислењето на експертите е јасно: кафето на празен стомак никако не може да биде добра идеја. Постојат неколку причини:

Се зголемува киселината во желудникот

Тоа може да биде причина за проблеми со дигестивниот систем кои може да ги чувствувате во текот на денот. Високото ниво на киселост може да доведе о сериозни проблеми во областа на абдоменот, како чир на желудник, синдром на нервозно дебело црево и слично.

Зголемен стрес

Големата количина на кафе го зголемува нивото на стрес, а кога кафето се пие на празен желудник тогаш проблемот само се влошува.

Опаѓа нивото на одредени хормони

Главната причина зошто кафето го згоелмува нивото на стрес е хормонската нерамнотежа која ја создава кофеинот. Утринското кафе на празен стомак може да го попречи производството на серотнин. Некои истражувања покажале дека кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен желудник, ќе се чувствуваме подобро и ќе бидеме порасположени.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај