КАДЕ ЗГРЕШИЈА МАКЕДОНСКИТЕ МАЈКИ?

0
159

Што изнародивме ние жените македонки последниве триесетина години, а и оние пред нас!? Што род изродивме и што род воспитавме? Каде се нашите деца да си ја бранат татковината? Мајковината? Мајките ли, и ние и нашите мајки ли така ги научивме? Ги научивме да учат за да не работат тешки работи! Ги научивме да им ги потврдуваат глупостите на сите само да се доберат до подобри места!

Ги одродивме за да станат светски граѓани, а не да останат некакви маалски простачишта во мала Македонија! Ние мајките си израснавме род роден, сега поинаку одроден, после којзнае колку абортуси зашто ја вкусивме слободата на “жената борец” за женските права!

Ние мајките се пресметувавме со „успешните” жени тренирајќи ја нашата челад да биде пример во светот, да биде како светот!

Каков свет, така и нашите деца!

Ама нашите деца пораснаа и во нивните ликови, карактери, животи и дела го гледаме сега од блиску „светот“!

Корупција – може! Криминал – може! Наркоманија – може! Неморал – може! Бескарактерност – може! Подлост – може! Предавство – може! Педери – може! Лејзбеки – може! Се` може, само нека се „напредни“!

Злотвори, ама да се богати – може! Се` може!
Така ни се намножија некои „златни” деца…

Сигурно се сеќавате на познатиот мит кој станал и приказна од нашиот народ: од толку злато на среќникот почнало се` да му се позлатува, се` што ќе допрел, па и она за храна што требало да му биде! Плачел среќникот, останал гладен од тоа пусто злато…Плачел, плачел и кукал да не му се позлатува ништо, сакал само да касне нешто здраво, сиромашкиот! Ама зафанало невреме, гласот не му се слушал, гласот го изгубил од она пусто климање со главата за да угоди секому…за да има „злато’ што го убило!

Многу, многу грешевме и грешиме ние МАЈКИТЕ МАКЕДОНСКИ!

Од кого прошка да бараме кога изродивме деца кои ќе не остават без поколенија, без добро име, без достоинство, можност за род, за живот, за спомен, за добар одговор пред Бога!

Пишува: Вера Симовска

Коментирај