Каде не треба да бидете за време на грмотевици

0
567

Секој ден метеоролозите предупредуваат за опасност од грмотевици. Молњата е непредвидлива појава и добро е да знаеме каде не треба да бидеме за време на бура.

Еве кои се најопасните можни локации:

Блиску до дрво
Како ќе почне да грми и врне првото нешто што ни доаѓа на ум е да се скриеме некаде каде што ќе бидеме заштитени од дождот. Немојте под дрво! Молњата се создава од празнењата во облаците, насочни кон спротивните наелектризирани објекти на земјата. Дрвото е токму таков објект со висока содржина на дрвни сокови и вода. За да не настрадате или да избегнете директен опасен удар бегајте подалеку од дрвјата.

Во дворот
Да си во дворот во лошо време воопшто не е добра идеја. За време на грмењето побезбедно е да сте внатре во своите домови. Дури дома не е препорачливо да сте поблиску до када или туш, да користите телефон или каков и да било електричен апарат кој може да пренесе електричен полнеж од молња. Во случај на симптоми како изгореници, внатрешно крварење, срцев удар, губење на меморијата, оштетување на видот или глувост, побарајте медицинска помош.

Во отворено поле
Без разлика дали е поврзано со  земјоделска работа, или едноставно забава, не треба да се останува на полето за време на грмењето. Ако сепак нема каде да се скриете, тргнете се од ридовите и изолираните дрвја, приближете ги стапалата, клекнете, навднете ја главата и покријте ги ушите. Ако сте со други луѓе разделете се. Ако некој настрада повикајте помош. Мит е дека човекот кој настрадал е опасен за вас – човечкото тело не акумулира електрицитет.

Коментирај