Каде грешат жените со мажите

0
1515

Мажите се секогаш „жртва“ на сите женски проблеми. Ако една жена долго време е сама или постојано е отфрлена од мажите погодете кој е виновен за тоа. Секако дека мажите.

Еве каде грешат жените со мажите:

Зборуваат многу, слушаат малку
Типично за жените е да зборуваат многу и повеќето мажи го прифаќаат тоа дури и со насмевка, но не поднесуваат жени кои не слушаат. И бидејќи не слушаат, испуштаат важни информации од страна на мажите, кои можат да бидат причината за нивната разделба.

Ги бараат грешките само во мажите
Жените сметаат дека ги познаваат мажите подобро од нив самите. И внесувајќи се во тоа да го анализираат машкото однесување и размислување почнуваат да расудуваат малку повеќе од потребното… Наместо да ги гледаат своите грешки и префрлања кои често водат до нивните лични љубовни драми во животот. Дефинитивно и мажите не се безгрешни и совршени, но пак и жените не се „цвеќиња за мирисање“.

Ги омаловажуваат машките чувства
Често жените гледаат на мажите како на бесчувствителни суштества кои мислат само со „мозокот меѓу нозете“. Но напротив, иако мажите мислат на секс почесто од жените, понекогаш дури се и почувствителни од жените. Нетактичноста на послабиот пол е причина мажите да се чувствуваат повредени, а нивната заштитна реакција им е да се разделат со жената или да си „поиграат“ со нејзините чувства.

Сметаат дека мажите „паѓаат“ на предизвикувачки жени
Да, мажите сакаат предизвикувачки жени, но не сакаат нивната партнерка да биде предизвикувачка на јавни места и каде ќе се претвори во центар на внимание за десетици машки очи. Бидете секси но во кревет или кога сте насамо со партнерот. Инаку бидете резервирана и скромна за вашиот партнер да биде горд со тоа што освоил таква жена.

Веруваат дека мажите нема да ги забележат ако се без шминка
Ако и вие сте од жените кои стануваат 10 минути пред партнерот, за да нанесете шминката правите голема грешка. Женската убавина е особено ценета од мажите, но не и кога е производ само на шминка. Мажите немаат ништо против да ја нагласите вашата убавина но ќе бидат воодушевени од вас и рано наутро, кога сте бушави, поспани и по пижами.

Сметаат дека мажите бараат послушна жена
Ако велите на сè „Да“, ако се согласувате со сè, ако правите компромиси за сè, ако му угодувате на партнерот за сè, порано или подоцна тоа ќе стане повеќе од досадно за него и врската ќе заврши. Мажите се ловци по природа, сакаат да ловат, ги сакаат освојувањата, паѓаат по забранетото, во нивните умови тоа е послатко, посекси, па затоа не се давајте премногу лесно. Прелесната жена, не е интересна.

Коментирај