Кабиб: Нека ми ги земат парите и нека ме суспендираат 10 години, не се враќам таму

0
519

Веќе добро познато е што направи Кабиб Нурмагомедов во борбата против Конор во која прво го „загуши“ Ирецот, па излезе од Кафезот да се пресметува со неговиот тренер.

Од борбата помеѓу овие два УФЦ борци помина скоро еден месец, а Спортската комисија во Невада се уште не донела конечна одлука, освен што му на Кабиб му исплати половина од договорената сума (еден милион долари).

На актуелниот шампион во лесна категорија во УФЦ му здосади одолговлекувањето, па сега се наоѓа во Турција после повикот од претседателот Турција, Ердоган.

Во таа прилика Дагестанецот даде свој коментар на целата ситуација.

„Тие веќе имаа состанок и ништо не одлучија. Скаат да одам на следно сослушување, но сметам дека не сум виновен. Јас само го завршив она што беше започнато пред борбата. Не сум виновен и тие нека му судат на виновникот, не на мене. Ја бранев својата чест, семејство и религија. Нема да одам на судење во Лас Вегас, ако сакаат и нека му ги земат сите пари кои ги заработив, па и нека ме суспендираат на 10 години. Борбата ја завршив според правилата, а потоа го завршив започнатото. Никогаш нема да одам таму, нека прават што сакаат“, изјави Кабиб.

Нурмагомедов потоа проговори и за можната борба со Флојд Мејведер.

„Доколку дојде тоа такво нешто ќе има две борви. Еден по боксерски правила, а втор според ММА правила“, откри Дагестанецот.

Извор: sportski.mk

Коментирај