Јужнокорејскиот премиер го свика Советот за национална безбедност заради смртта на полубратот на Ким Џонг-ун

0
512

Премиерот на Јужна Кореја, Хуан Кјо-ан за денеска го свика Советот за национална безбедност во врска со смртта на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јавија британските медиуми.

Ким Џонг-нам беше најден мртов во Малезија, јавија локалните власти.

Според американски и јужнокорејски влаидни извори, тој бил убиен на аеродромот во малезиската престолнина Куала Лумпур.

Јужнокорејската Влада потврди дека убиениот е полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, како што вчера јавија неколку медиуми, пренесуваат француските меидуми.

– Нашата Влада е сигурна дека убиениот човек е Ким Џонг-нам, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за национално обединување.

Претходно премиерот Хуан Кјо-ан на седницата на Советот за национална безбедност изјави дека извршеното убиство ја покажува „бруталноста и нечовечкиот однос на севернокорејскиот режим“.

Тој подвлече дека Сеул работи во тесна соработка со властите на Малезија, за да се обидат да го расветлат ова мистериозно убиство.

Според јужнокорејската телевизија „Чосон“, 45-годишниот Ким Џонг-нам на аеродромот во Куала Лумпур бил прободен со отровни игли од две неидентификувани жени. Двете жени со такси избегале од местото на убиството.

Ким Џонг-нам починал на пат за болница.

Коментирај