Јувентус ја прегази Барселона со 3:0, Дибала херој кај „старата дама“

0
275

Јувентус ја декласира Барселона со 3:0 и слави убедлива победа во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

Пауло Дибала беше клучна фигура на овој натпревар, офанзивецот на Јувентус уште во првите дваесетина минути постигна два гола и ја најави големата победа на „старата дама“, со која Јуве му се одмазди на каталонскиот гигант за поразот во финалето од ЛШ пред две сезони. Џорџо Кјелини со уште еден погодок во 55. минута стави печат на блескавуиот триумф на домаќините, кои ќе имаат голема предност пред реваншот во Барселона.

Barselona-poraz

Вториот меч што требаше да се одигра денеска од 20,45 часот меѓу Борусија Дортмунд и Монако е презакажан за утре од 18,45 часот, по терористичкиот напад на автобусот на домашните фудбалери.

 

Коментирај