Јовески: Обвинителството ќе истражува за додатоците кои ги добивале обвинителите од СЈО

0
195

Обвинителството ќе ги стави под лупа платите и додатоците за доверливост кои ги земале специјалните јавни обвинители – вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за Канал 5.

Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно Закон. Исплатата на плати и надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До постапување на алатката “Отворени финансии”, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоците за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители, за кои на сајтот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати – вели Јовески.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии”. Вакви додатоци и надоместоци добивале и другите обвинители и некои вработени во СЈО.

Извор: Република.мк

Милошоски: Народот нека скенира фискални сметки!

Коментирај