Јовановски: Не бев водач на протестите „За заедничка Македонија“, туку само загрижен граѓанин

0
133

При вкрстеното испрашување на Александар Василевски – Нинџа, обвинетиот Владо Јовановски изјави дека не се чуствува како водач на протестите „За заедничка Македонија“ туку дека бил таму како загрижен граѓанин.

– Јас не се третирам како водач. На протестите јас не бев дел од организацијата, бев дојден како граѓанин, човек, актер загрижен за државата.– рече Јовановски.

По овој исказ на Јовановски, тој му се обрати на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа со зборовите – „дали ќе се сложите со мене дека никогаш досега не сте ме виделе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, на што Василевски одговори дека го има видено.

Извор:lider.mk

Коментирај