Јоци со три објави распали на Фејсбук: СДСМ прераснуваат во најлоша форма на УДБА, сталинизам и Коминтерна во едно

0
1244

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци преку три објави на својот Фејсбук профил ги коментира вчерашните случувања со приведувањето, малтретирањето, навредите и носењето во „Бардовци” на актерката Ирена Ристиќ.

Таа упати низа критики до СДСМ за која посочи дека е новиот фашистички режим, при што партијата една година власт прераснала во најлоша форма на УДБА, сталинизам и Коминтерна во едно, а дека токму граѓаните кои го гласале Заев ќе го симнат од власт.

Трите нејзини Фејсбук објави ги пренесуваме интегрално:

„Оф, дали се сеќава некој дека Заев вети дека ќе ја тргне оградата околу Влада и ќе дозволи слободно движење на граѓани, а не дека ќе ја остави и тирански ќе апсат луѓе кои ќе посакаат да соберат пикавци на пример?

Секако, по една година Заев целосно заборави кој е и што беше, а и кој го донесе на власт.

Ден по избори, поточно вечерта, во првата реченица се заблагодари на ГРАЃАНИТЕ кои го гласале.
Епа, Зоки, тие и ќе те симнат еден ден”.

IMG_20180917_233554_359

Во претходната објава го објави следново:

„Вмровците никогаш не се осмелија да приведат некого и да го однесат во Бардовци, за искажан став, за учество во акција, за критика.

А, СДСМ, нив ги нарекуваше режим.

СДСМ прераснуваат во најлоша форма на УДБА, сталинизам и Коминтерна во едно.

И околу себе создаваат бедем од медиумско ѓубре за да останат на власт”.

IMG_20180917_234014_775

И во првиот Фејсбук статус објавен денес на истата тема Јоци напиша:

„Раѓање на новиот фашистички режим По само една година власт.

Актерката Ирена Ристиќ, полицијата ја привела, во моментот кога со други активисти, собирале отпушоци пред Влада. Ја однеле во станица ,,Беко”, каде не и’ дозволиле да викне адвокат, а потоа со комбе-во болница ,,Бардовци”.

Службените лица, кои не се легитимирале, ја пцуеле – ,,Пичка ти матер”.

Се чека на објаснување од министерот на МВР за ова службено насилство кон актерката- првенец во Драмски театар и општествено докажан професионалец и активист за подобро општество”.

IMG_20180917_233708_860


Приведена актерката Ирена Ристиќ бидејќи чистела пред Влада: Таа ги открива деталите

Коментирај