Јоци до Спасовски: Објасни како имал уште возачка дозвола со 16 прекршочни казни?

0
999

Оваа информација ја соопшти лично Оливер Спасовски, дека еден од загинатите имал 16 казни – од јануари до јуни годинава.

Туку, Спасовски, кој е еден од најнеуспешните министри на Заев (кој само што седна употреби солзавци и шок бомби, „пајак“ му удри полицајка, не пронаоѓа исчезнати лица, Груевски му избега, а не ги расветлува ни сите убиства и улични престрелки), а сепак Зоки ќе си го чува уште за да му го допатосира рејтингот, не објасни зошто и како покојникот имал уште возачка дозвола со 16 прекршочни казни и зошто никој досега од МВР не му ја одземал.

Да погодуваме? Некој замижал и ги сокрил по фиоки ? И сега има двајца загинати.
Ти, Спасовски, ставај колку сакаш камери, џабе, трули сте одвнатре институцијата.

Фејсбук објава на Јорданка Ивановска – Јоци

16-kazni

Коментирај