Јоци: Силјановска ја почнува кампањата со стилска одбрана од машки шовинисти и грубијани

0
1079

Ми се свиѓа изјавава 😃
Силјановска го возврати ударот на ропачкиот дел од популацијата – со стил.

Мизогинијата, нападите за старост и изглед, не може никогаш да бидат оправдано политичко орудие. Се сложувале или не со нејзини ставови или со минатото политичко милје.

Политичката кампања за Претседател на Македонија, Силјановска, ја почнува со стилска одбрана од машки шовинисти и грубијани. Не можеше подобра реклама да и’ направат.

Туку, за оние кои не ја познаваат, т.е не биле нејзини студенти, таа во 90-те, беше права дама. Имено, и уште е дама.

Се сеќавам кога одговарав по предметот „Политички систем“, читав од листот брзо за да изгуби концентрација и да не ме слуша. Некаде 1997. Гледаше низ прозорец додека читав, и на крај ми рече – „Колешке, нешто многу ви се брза на вас ?“. И ми даде уште едно прашање. Јбг, излезе пола саат слушала сè 😃

Фејсбук објава на Јорданка Ивановска – Јоци

IMG_20190219_173207_293

Коментирај