14.5 C
Скопје
четврток, септември 19, 2019
Вести Јорданов: И целата естрада да ја донесете, нема да може да ги...

Јорданов: И целата естрада да ја донесете, нема да може да ги прекриете предавствата

0
1440

Од Општинскиот Комитет Штип на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на лагите и манипулациите на СДСМ им нема крај.

-Македонија не доби ниту препораката за ЕУ, ниту безусловна препорака за НАТО. Но, и покрај ова, и покрај депресијата која што владее, поразите, криминалите, како и коруптивните скандали на дневна основа, владата на СДСМ одлучи да троши народни пари организирајќи скапи еуфорични прослави, за да се претстават лошите предавнички политики како победи, изјави Иван Јорданов, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се обрати кон социјалдемократите.

-Моралот и одговорноста одамна исчезна од вашите глави. Се лажете ако мислите дека народот пак ќе ви поверува. Овој пат сте прочитани, граѓаните се мудри и можат да проценат што е вистина, а што лага, изјави Јорданов

Јорданов упати и порака до луѓето од извршната власт.

-И цела естрада да ја донесете, и сите пари на свет да ги потрошите нема да можете да ги прекриете предавставата, гневот и револтот на народот, нерасчистените убиства како и сиромаштијата која што владее, изјави Јорданов.

Коментирај