Јордан Петровски: И Фатиме Фетаи е уценета со случајот Рекет

0
2009

Политичкиот дисидент Јордан Петровски кој живее во Канада смета дека и обвинителката Фатиме Фетаи е уценета со случајот Рекет.

Коментирајќи на анализа на реакцијата на Фетаи за тврдењето на Верушевски од активистот и членот на Македонскиот Национален Совет, Роберт Милески, Петровски коментира за поврзаноста меѓу Фетаи, Верушевски, Рекет, Нешковски и Ел Чека.

„Фатиме со оваа изјава прати порака дека и таа е уценета и тоа со случајот РЕКЕТ и дека без оглед на фактот што Верушевски даде јасно до знаење дека се модификувани разговорите а како се модификувани можевме да слушнеме од видеот на Ел Чека, врзано за убиството на Нешковски!”, пишува Петровски на коментарот на Милески:

„Во врска со неговата изјава дека материјалите претрпеле некоја модификација, Фетаи рече дека..”… Некоја? Не Фатиме, зборот беше СТРАОТНА модификација!… „За нив како Обвинителство, автентичноста на материјалите воопшто не е спорна.”

Знаеш Фатиме, во исказов имаш еден проблем, сите вие „бомбите“ сте ги слушнале ПОСЛЕ модификацијата, а само неколку луѓе, меѓу кои и Верушески, се ретките што се сведоци какви биле тие ПРЕД модификацијата. Затоа твоето тврдење е глупаво и паѓа во вода, оти не си ни можела да знаеш што се случувало и во каква состојба биле материјалите претходно.

Како пример може да се земе разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска, кој очигледно беше исечен за пред јавноста да се створи слика за директна замешаност на Груевски во случајот, за Заев да го втурне народот во пресметка со полицијата што и се случи. Само нечовек може да втурне народ во крвава пресметка за да дојде на власт. Ако има правна држава тогаш муртинскиот лажов само за ова злодело треба да одговара за обид за рушење на уставниот поредок на РМ.

Како велат, времињата се менуваат, ќе даде Бог правдата да надвладее. Кој што си здробил, тоа ќе срка, доколку јас се прашувам”.

Извор: Експрес.мк

Коментирај