Јелена Розга искрена за солзите во новиот спот: Плачев поради една личност (ВИДЕО)

0
270

Хрватската пејачка Јелена Розга се отвори пред Јована Јанковиќ, сопругата на пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ. Во Утринската програма на ТВ „Прва“ во Белград, која ја води Јована, Розга прозборе за емоциите во нејзиниот нов спот „Moje proljeće”.

Во новиот спот, Розга плаче, а Јована ја праша дали солзите биле вистински или се дел од сценариото.

„Не глумев, навистина не глумев. Дури и режисерот помисли дека глумам. Со него соработувам долги години, но тој не знае што се случува во мојот приватен живот. Додека го снимав спотот, додека ја снимав песната во студио, јас мислев на една единствена личност, но не можам да ти кажам кој е тоа. Ти знаеш сѐ“, раскажа пејачката од Сплит.

„Точно е , јас знам“, додаде водителката Јована по што Розга ѝ наглас да не им открива на гледачите.

На доделувањето на наградите МAC во Белград кое се одржа пред неколку дена, Розга се сретна со поранешниот свршеник Стјепан Хаусер, музичарот од дуото „Ту челос“. Розга и Хаусер по две ипол години ја прекинаа врската во 2017 година.

Пејачката преку медиумите ја соопшти веста на нејзината публика, и ја замоли јавноста да ја почитува нивната приватност, нагласувајќи дека крајот на врската е заедничка одлука.

Коментирај