ЈАВНО Фељтон: Волшебна Македонија (3 дел) Македонците и волкот

0
3171

Секој петок на нашата страница можете да го читате фељтонот „Волшебна Македонија“. Пишува м-р Никола Ристевски, уредник на ЛОЗА (www.loza.com.mk)

Фељтон на ЈАВНО: Волшебна Македонија

Мaкедонците и волкот

Во книгата The Glory of Generositie е претставен грбот на принцот на Ематија – Македон. Книгата е дел од приватната колекција на хералдичарот Дерек Хауард во Брисел, а ја пронаоѓа претседателот на Македонското Хералдичко Здружение. Книгата е издадена во Лондон во 1586 година, грбот на Македон се наоѓа веднаш до тој на Анубис, а освен приказот нема друго објаснување освен описот на грбот: Македон – принц на Ематија, носи сребрен исправен волк…

Во египетската митологија Македон и Анубис се деца на Озирис, претставени со глави на волк и куче. Античкиот автор Diodor Siculus (90-21BC) пишува: „Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел волчји параферналии. Поради тоа овие две животни биле почитувани од Еѓипјаните. На походот го зел и Пан….син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него…“

Македонската Фаланга пред секој поход имала ритуал исти како славењето на пролетта, со додадени мистични симболики за прочистување на армијата – ритуално растргале куче (кучка, волк, волчица) на две половини и марширале помеѓу, како претпазливост од раскол и доволно симболички за да се заштитат од волкот самотник, одметникот од глутницата.

Дури и Александар Македонски во раната младост од јужните соседи бил нарекуван волк владетел. За приликите во времето на Филип и Александар Македонски, можеме многу да дознаеме доколку го набљудуваме делувањето на Демостен, водечкиот филозоф на градовите – држави од тој период. Познат по неговите Филипики, тој бил жесток противник на големото македонско кралство. Кога Александар пуштил абер за десет оратори од градовите – државички да дојдат на разговори во Македонија, Демостен почнал да предупредува дека треба да се пазат од младиот волк, затоа што е поопасен и од татко му, стариот волк. Во својот говор до избраните претставници кои требало да тргнат на разговори, нарекувајќи ги кучиња на стадото овци, вели дека Александар е македонскиот самотен волк – владетел.

nbrm2Интересно е и што Пеонските племиња го почитувале волкот. На еден новооткриен тетробол од локалитет Градиште – село Кнежје (Билазора) во Овче Поле на аверсот има претстава на лав, а на реверсот волк. Иако во Република Македонија има многу монети на Ликеј, ова е единствениот примерок кој има волк на реверсот. Некои автори на божеството на војните во Пеонија – Кандаон, му давале епитет Ликеј (ос) / волчји. Самото име Ликеј е синоним за волк. Кандаон е синоним и за Орион. Познато е дека нашите предци сјајната ѕвезда Бетелгејз од соѕвездието Орион ја нарекувале Орач, останатите ѕвезди им биле рало и два вола, а позади Орион препознавале два волка, кои се светлите ѕвезди Сириус и Процион. Поради претпазливост и ритуална заштита од волчји напади, сеуште два пати во годината се празнуваат циклусите волчјите празници – во февруари и ноември (Мартинова, волчја недела), кога се оддава почит на светците кои ги заштитуваат луѓето од волците. На југ од Македонија пред Мартинци уште се колат кокошки и со крвта се испишува крст над вратата, во западна Македонија велат дека волкот бил имун на лошите очи и не може да биде урочен, а старите од источните краишта велат дека волкот може “да ти го земе јазикот ако се погледнете во очи”. Сеуште се раскажуваат преданијата за волкот кој бил впрегнат во јарем од Архангел Михаил и легендата кога во манастирот посветен на Свети Наум некој волк ги изел двете кучиња, па по наредба на Чудотворецот мирен и кроток дошол да го чува манастирот, каде што останал и покрај секојдневниот ќотек од луѓето, од што и на крајот умрел. Белиот волк во разни преданија може да се сретне како ќорав или куц и најчесто се смета за предводник на глутницата. Во старословенската митологија божеството Дажбог има способност да ја менува формата и најчесто се трансформирал во голем бел волк. Во некои краишта од Македонија е останато “старинското” – Вук да те изеде!

Digital Capture

Во архајска Аркадија, владетел бил Ликаон, син на Пелазг, кој од Ѕе бил преобразен во волк. Според античките автори, волчјите особини ги задржале и неговите потомци. Се сретнува и записот во кој според неколку верзии на митовите, Македон е еден од синовите на Ликаон, кралот на Аркадија.

м-р Никола Ристевски

Текстот „Македонците и волкот“ е напишан во 2012 и објавен во книгата „Имагинариум“ во 2016 година.

Коментирај