ЈАВНО Фељтон: Волшебна Македонија (2 дел) За Александар Македонецот

0
260

Секој петок на нашата страница можете да го читате фељтонот „Волшебна Македонија“. Пишува м-р Никола Ристевски, уредник на ЛОЗА (www.loza.com.mk)

Фељтон на ЈАВНО: Волшебна Македонија

За Александар Македонецот

1920px-Charles_Le_Brun_-_Les_reines_de_Perse_aux_pieds_d'Alexandre_dit_aussi_la_tente_de_Darius_-_Google_Art_Project

Древното знаење на Александар

Човекот кој копнее за знаење поради самото знаење, секогаш е над оној кој стекнува знаење поради некој практичен учинок.

Затоа и Александар во писмото до Аристотел говори дека повеќе би сакал да се одликува со знаење, наместо со власт.

Александар Македонски и Евреите

Уште пред да стигне во Ерусалим, еврејските свештеници имале пророштво дека ќе се појави. Старите записи велат дека, кога пристигнал, му се поклонил на првосвештеникот, а овој му ги дал најсветите книги. Александар Македонски во Ерусалим е претставен на многу уметнички дела. Општопознато е дека одреден период на сите машки и женски деца во Израел им биле давани имињата Александар и Александра.

 

Александар и Аристандар

Уште од мали нозе Александар бил предизвикуван од натприродното. Врачот Аристандар го водел во храмот каде го учел за другиот свет. Го научил да ги изговара имињата на божествата онака како што тоа го правеле свештениците, со нагласок кој ја активирал нивната моќ. Го учел и за принесувањето на жртви, па така Александар научил да ги чита знаците од пророкувањето со жртвуваните животни уште пред да научи добро да ги чита текстовите од книгите. Уште како дете, со сериозен глас ги изговарал волшебните зборови чии вибрации потсетувале на звуците кои се слушале кога свештеникот бил во храмот. Во неговата десетта година Аристандар го научил да го разликува говорењето од делувањето…

Неколку древни сведоштва за Александар Македонски

Птоломеј Филаделф го донесе од Мемфис во Александрија телото на Александар.

Pausanias, 2nd century AD

Птоломеј Филопатор во средината на градот на Александар изгради меморијална зграда, којашто сега се нарекува Сема, и таму ги положи остатоците на сите негови предци, заедно со неговата мајка, и Александар Македонски.

 Zenobius, 2nd century AD

Во ова време Октавијан го имаше саркофагот и телото на Александар Велики донесено од внатрешноста на светилиштето, и откако зјапаше во него, покажа почит со поставување на златна круна и посипување на цвеќиња; а потоа беше прашан дали сака да го види и гробот на Птоломеј, па одговори: „Мојата желба беше да видам крал, а не трупови.“

Suetonius, 2nd century AD

Октавијан потоа го погледна телото на Александар, дури и го допре така што, како што велат, се скршило парче од носот. Сепак не отишол да го види трупот на Птоломеј, и покрај желбата на луѓето од Александрија да му го покажат, одговарајќи им: „Дојдов да видам крал, а не мртви луѓе.“

Dio Cassius, 3rd century AD

избор од книгата „Имагинариум“, објавена во 2016 година

м-р Никола Ристевски

 Imaginarium

Коментирај