Јавна расправа за законот за абортус – ќе може да се абортира до 22-ра недела

0
617

Денес во Собранието ќе се одржи јавна расправа по повод новиот закон за абортус (Закон за прекинување на бременоста). Новиот закон предложен од Владата го предвидува следново:

– Абортус ќе се прави до 22-ра недела од бременоста. Тоа е 4ти – 5ти месец од бременоста и бебето веќе е оформено, големо како желка или кокос, а чувствува и огромна болка. Според сегашниот закон, абортусот може да се направи до 10-тата недела од бременоста, а сега, според предлогот на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде до 22-ра недела.

– Се укинува 3 дена чекање за консултации, туку абортусот ќе се извршува ВЕДНАШ, ако треба и за 15 минути.

– Се укинува ултра-звукот со кој се слуша срцето на бебето.

– Се воведуваат нови таблети за абортус, кои имаат многу ризици и хормонски ефекти.

– Абортусот ќе може да се прави во мали приватни ординации, наместо како досега во болници со сите услови. Тоа е голем ризик за жените, а мотивот и целта е профит.

– Во моментов законот што е на сила од 2013-та година на ниту една жена го нема спречено правото на абортус. Со новите измени само ќе се зголеми бројот на абортусите, со стотици и илјадници. Право на присуство и учество имаат СИТЕ заинтересирани: – поединци и интелектуалци – лекари – свештени лица – НВО – активисти – други категории лица. Секој присутен има право да се пријави за збор и да се обрати на јавната расправа.

Коментирај