Јас кога се школував и работев во Европа, Заев бараше мито евро за него, евро за Вицето кај Мирче Свињарникот

0
1009

Додека јас го стекнував своето образование на универзитетите во Западна Европа, Претседателот на тогашната опозициона партија, а сега аболициран политичар и премиер на Република Македонија Зоран Заев се уште се занимаваше со евро за него, евро за Вицето кај Мирче Свињарникот. Ако се сеќавате на онаа позната лента која се уште можеме да ја видиме на Јутјуб каналот, појасни Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање на водителот на „Отворено“, дали е антизападен политичар.

Мицкоски образложи дека тој не е антизападен, туку напротив тој како политичар апсолутно верува во тие западни вредности, ја гледа Република Македонија како дел од тоа европско семејство се разбира. Ја гледа Република Македонија како дел од НАТО алијансата. Така што не само сега, во минатото и во иднината нема никаква дилема околу иднината на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија и на Република Македонија.

Впрочем видовте и во изминатите денови од 6 до 8-ми на конгресот што се одржа во главниот град на Финска, Хелсинки каде што  присуствуваше официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Таму остваривме бројни средби, остваривме средби со високи политичари и претседатели на сестринските партии. Имавме можност да размениме искуство од политичките случувања во Република Македонија но и во нивните земји, да исцрпиме определени совети и сугестии, како понатаму да продолжиме итн. Генерално не само што не можам и не би сакал да ја коментирам таа теза но сепак би рекол во интерес на тоа што јавноста мора да добие одговор на секое прашање. Да немаме дилема иднината на Република Македонија е ЕУ, Македонија во ЕУ, како рамноправна членка со другите членки. И како Македонија како дел од НАТО алијансата се разбира, потенцира Мицкоски.

Коментирај