Јанушев: Само со работа ќе успееме да обезбедиме обнова на Македонија и подобар живот на граѓаните

0
123

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија говореше за подготовките и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори коишто се најавени за 12 април 2020 година. Во однос на финансирањето рече дека секој кој што сака да ја финансира партијата за изборите, може да допринесе со тоа што ќе уплати средства на посебна наменска сметка до износ кој е дозволен со Закон.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија има континуитет во ставовите и дека ќе излезе со програма која ќе означува многу работа за Македонија.

Во многу прилики јавно сме кажале на што ќе се базира програмата, не се согласувам со Вас дека не е познат нашиот став, тој е апсолутно познат. Нашата програма ќе се базира на работа, работа и само работа на сите полиња исто како да го имаме добиено датумот, исто како да бркаме исполнување на сите услови и сите поглавја. Само така можеме да обезбедиме обнова на Македонија и да обезбедиме подобар живот за сите граѓани на Република Македонија, му одговори Јанушев на Горазд Чомовски.

Игор Јанушев рече дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди на изборите ќе биде базирано на принципи и вредности, а нема да биде базирано на нереални работи. Тој рече дека нема да лажат како актуелниот премиер Зоран Заев кој според него, ги манипулира и лаже граѓаните за да остане на власт.

Коментирај