Јанушев од Крива Паланка: Стопанствениците очекуваат значителна помош и придонес од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

0
123

Продолжуваме со посетите низ Република Македонија. Денес сме во Крива Паланка, остваривме средба со неколку стопанственици, ги посетивме нивните фабрики односно производствени капацитети. Имаме средби со неколку целни групи  и секако денот ќе заврши со внатре партиски состаноци, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што е видливо и она што го гледаме веќе неколку месеци низ целата држава е видливо овде во Крива Паланка. Луѓето се иселуваат со надеж за подобар живот, луѓето кои што ги среќаваме на улица се жалат за буквално лошото секојдневието кое што го имаат  и не квалитетот на живот. Во фирмите со коишто  ги посетивме и со луѓето со коишто разговаравме очекуваат од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кое што ќе следува после изборите на 12-ти април значителна помош и значителен придонес за стопанството, рече Јанушев и додаде:

„Знаете веќе дека излеговме со повеќе конкретни мерки во однос на стопанството и економијата, преку враќање на рамниот данок и негово намалување, намалување на невработеноста на помалку од 10% во четири годишниот мандат но и она што секако е од особена важност за Крива Паланка и за целиот овој регион е најавата за изградба на новиот експресен пат Куманово-Паланка. Продолжуваме во следниот период со промоција на следните мерки од нашата програма кои што секако ќе бидат насочени кон граѓаните и ќе значат конечно ставање на крај на разнебитувањето на нашата држава од страна на оваа криминално рекетарска влада предводена од Заев. 12-ти е блиску 12-ти доаѓа за 50-тина дена и конечно почнува обновата на Република Македонија“.

Коментирај