Јанушев: Никој до сега не се осудил да потпише ваков капитулантски договор кој го ништи македонскиот идентитет

0
443

Во вечерашната емисија „Јади бурек“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој истакна дека не се согласува со договорот со Грција и дека смета дека незамисливо е да може било која партија да им каже да граѓаните како треба да се викаат.

– Ние сме против Договорот, и дека во склоп на тоа оставаме секој граѓанин на Република Македонија да одлучи дали ќе излезе или нема да излезе на референдумот, рече тој.

Исто така, Јанушев истакна дека никој до сега во историјата на Македонија не се осудил да потпише ваков капитулантски договор, кој директно го ништи македонскиот идентитет.

– За мене како Македонец, како Игор Јанушев, полош договор не може да има. Сите досегашни влади преговарале. Еден е фактот дали биле ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ на власт, нашето име е Република Македонија. Никој до сега не се осудил да потпише вакво капитулантско дело и да го смени сето тоа, рече тој.

Јанушев кажа дека во минатото, без разлика на спротивставените мислење и политики меѓу партиите, се почитувале црвените линии и потенцираше дека во преговорите за овој договор, истите се погазени.

Коментирај